Градски плоштад Охрид
Од 11.10.2020 - 13:00 до 11.10.2020 - 15:00
Светски познатиот џез, фанк и соул изведувач Владимир Четкар, подготвува извонреден празичен подарок за охриѓани и посетителите за Денот на народното востание, 11 Октомври.
Имено, Владимир Четкар секстет на градскиот плоштад во Охрид на 11 Октомври во 13:00 часот ќе одржи бесплатен концерт, кој е во организација на Град Охрид и е од отворен тип.
Ве очекуваме заедно да уживаме во музиката и во прекрасното октомвриско сонце! – порачуваат Владимир четкар и неговите колеги.
OhridNews