Индиските власти започнале да користат беспилотни летала за надгледување на популацијата на носорозите во националниот парк Казиранг, кои се на голем удар на ловокрадците. Беспилотните летала, опремени со камери, започнале во редовни интервали да го надлетуваат националниот парк, кој се простира на 480 квадратни километри во индиската држава Асам.
Рогот на носорозите има висока цена во Кина и земјите од југоисточна Азија поради своите наводни лековити својства. Ловокрадците, опремени со автоматски пушки, минатата година во Казиранга убиле 22 носорози, а од почетокот на оваа година досега дури 16.