Глисери и скутери на вода, но и чамци со пенти со голема брзина крстосуваат низ охридските плажи и ги вознемируваат капачите. Пловните објекти се доближуваат до брегот и минуваат низ капачките зони буквално покрај главите на капачите.
Скутерите на вода и луксузните глисери ги има покрај целиот езерски брег но најголем хит се на плажите во капмот Градиште.
опасни скутери
Според Законот за внатрешна пловидба капалиштата кои од брегот се одалечени до 150 метри задолжително треба да обележани со портокалови и бели топки. Пловните објекти пак треба да се држат на растојание од најамлку 200 метри од брегот, а за непочитување на законот се предвидени казни од 200 до 500 евра. Досега Охридската капетанија поднела вкупно 14 прекршочни пријави против недисциплинарни учесници во водниот сообраќај.
Во Охрид се проценува дека денес има нешто повеќе од 3000 кајчиња и 300-400 скутери и глисери. Дел од нив и покрај законската обврска сеуште не се регистрирани.
М.Трајковски