Несреќниот германски криминалец се предал на полицијата откако му пропаднале четири грабежи во еден ден. Рaлф Лаутенбах најпрвин се обидел да ограби два хотела. Двата пати побегнал без плен додека го бркале чуварите.
потоа се обидел со локалната даночна канцеларија, но исто така безуспешно. Конечно се предал откако се залетал со автомобилот во блиндирано комбе кое пренесувало пари од банка. Еден од полицајците на шега изјавил дека Ралф очигледно треба да ја смени својата професија.