Охридската публика синоќа имаше можност да го види мултимедијалниот проект „Бесконечност“, на скулпторот Блаже Крстаноски-Блажески и уметникот Драган Спасески – Охридски.


„Благовештение“ дело на Драган Охридски

Скулпторот Блажески потекнува од  охридскиот крај, а  живее и работи во Сиднеј, Австралија. Покрај неговите дела љубителите на уметноста ја проследија и промоцијата на хаику-поезија „Трите точки“ на Драган Охридски, кој се претстави и со ликовни дела од циклусот „Охридски ангели“.

Ohridnews