Наша заедника цел е од Охрид да направиме општина за сите, во која сите граѓани се еднакви, во која сите имаат исти можности да успеат во животот. Ова го изјави кандидатот за советник на коалицијата предводена од СДСМ Бесим Демиров, на денешната прес конференција во населбата Воска, на која беше придружуван од кандiдатот за градоначалник Јован Стојаноски, носителот на листата за советници Константин Георгиевски и дел од кандидатите за советници од СДСМ.
-Со тоа веќе започна новата влада која е одлучна парите да се вратат кај граѓаните, а таа определба започна со зголемување на минималната плата, укинување на радиодифузната такса, воведувањето на евтина тарифа на струја. Тоа се пари кои граѓаните ги заштедуваат, тоа се пари кои остануваат во џебот на граѓанинот. – рече Демиров.
Тој се осврна на приоритетите на локалната самоуправа во идниот период како што се задржувањето на младите во Охрид, поддршка во изборот на нивната професија и можности за практична работа, со барање од фирмите кои добиле општински средства да гарантираат дека ќе обезбедат практична работа за млади во нивните фирми.
-Обезбедуваме инфраструктура за сите. Ја довршуваме атмосферската канализација на улицата Сатеска, го менуваме старото осветлување со ново. Оваа урбана заедница хортикултурно ја уредуваме, поставуваме тротоари каде што ги нема. Ги подобруваме и условите во ОУ „Климент Охридски“ во населба Далјан со изградба на спортска сала и реконструкција на тоалетите во училиштето. Ги затвораме и бајпасите на колекторот пред игралиштето во Воска. – порача Демиров, посчувајќи дека мисија на коалицијата предводена од СДСМ е подобрување на условите за живот на сите граѓани.
OhridNews