Ракометарите на Бешикташ се првите финалисти на 45-то издание на Меѓународниот ракометен турнир во Струга. Турците до втората победа вредна финале стигнаа победувајќи го Охрид со 32-24 (12-13).
Бешикташ во последните десеттина минути го скрши отпорот на охридските „гладијатори“ кои имаа водство во поголем дел од средбата.
Турците со две мини серии се одлепија на семафорот и забележаа победа која им ги отвори вратите за финале на турнирот во Струга.
Противник на Бешикташ во финалето ќе биде составот Шартр кој во дербито од другата група го совлада Металург со 28-22.
Мечевите во Струга продолжуваат денеска, а на програмата се натпреварите помеѓу Металург – Струга и Охрид – Алингсас.
Фото:24ракомет
OhridNews