Со шест гола разлика во рамки на групата А екипата на Бешикташ извојува победа над Голден Арт постигнувајќи резултат 29:23, иако на полувреме беа изедначени со 11:11.
Со овој натпревар стартуваше второто издание на меморијалниот турнир во ракомет „Крсте Андоновски“ со меѓународен карактер.
Во вториот меч на турнирот во рамки на групата Б се среќаваат Еурофарм Пелистер и Бутел Скопје.
Свеченото отварање на турнирот е во 17.40, a од 18 ч. се среќаваат ГРК Охрид и Олимпијакос. Голманот на Охрид, Бобан Ристевски е оптимист дека и турнирот и настапот на домаќинот ќе бидат успешни.
Инаку, турнирот ќе трае до 26 август, а истиот е во организација на ГРК Охрид и под покровителство на Општина Охрид. Натпреварите се играат во спортската сала „Билјанини извори“.
OhridNews