Турската екипа Бешикташ и шведскиот состав Алингсас се ривали на Ракометниот клуб Охрид во групата на Меѓународниот ракометен турнир „Струга 2017“. Во другата група се наоѓаат екипите на Металург, Струга и бранителот на трофејот од минатата година францускиот Шартр.

Дебитанското учество во Струга „гладијаторите“ ќе го имаат на 13 август против Бешикташ, додека следниот ден ќе се сретнат со Алингсас. Првиот во групата А игра финале со првиот од групата Б.

– Самите противници на Охрид ќе бидат огромен предизвик за успешно презентирање и воигрување на охридските ракометари и воедно генерална проба пред двомечот со холандскиот Крас Волендам, во рамките на првото коло од ЕХФ купот кој ќе се одиграат во Охрид на 2 и 3 септември. – изјави Ѓоко Апостолов.

Официјално 45-от Меѓународен ракометен турнир во Струга започнува на 12 август на теренот пред „Женска плажа“.

OhridNews