Во пресрет на манифестацијата „Прличеви беседи“ 2025 по трет пат НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид спроведе Конкурс за избор на најдобра беседа во духот на големиот поет и преродбеник Прличев на тема: „Чувај се себеси“.

Од пристигнатите 8 беседи на Конкурсот комисијата оценувајќи ја нивната уметничка, јазична и естетско – етичка содржина како најдобра ја одбра беседата „Чувај се себеси“ под шифра: „1111“. На Конкурсот кој се организираше на државно ниво имаа право да се пријават млади автори од 15 до 30 годишна возраст, велат од Библиотеката.

Авторот на наградената беседа треба да го докаже својот идентитет и авторство со примерок од творбата испратен на [email protected]

Наградата за најдобра беседа во вредност од 9000 денари ќе му биде врачена на 6 февруари на манифестацијата „Прличеви беседи“ во организација на НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид.

OhridNews