Косовскиот шампион Беса Фамгас со тесен резултат 23-22 (12-14) славеше победа во контролниот дуел со охридскиот состав во СРЦ „Билјанини Извори“.

Натпреварот кој имаше пред знак хуминатарен, изобилуваше со голема борба на теренот и неизвесна завршница која им припадна на гостите.

Во првото полувреме Охрид беше тимот кој го диктираше темпото на игра и резултатот. Во играта на жица, „гладијаторите“ констатно имаа водство и на крај заминаа со плус два на полувреме (14-12).

Ракометарите на Беса Фамгас го кренаа нивото на игра во одбрана, а охриѓани често грешеа и дозволуваа лесни погодоци. Гостите при крајот се одлепија на три разлика, но Охрид не се откажа и во самиот финиш испушти напад за егал.

Со пет голови најпрецизни во охридскиот состав завршија Бобан Блажески и Денис Тот, додека во тимот на Беса Фамгас најефикасен беше Никола Прце со седум погодоци.

Двете екипи, утре со почеток во 11 часот ќе одиграат нов контролен натпревар.

OhridNews