Големите политички настани што во  2008 година се случија во регионот, какви што беа признавањето на Косово и Самитот на НАТО во Букурешт, силно влијаеа на случувањата на македонската берза, а се очекува слично влијание да имаат и предвремените парламентарни избори. Ова беше истакнато на деветта годишна конференција на македонската берза што денеска започна во Охрид.


деветта годишна конференција на македонската берза се одржува во Охрид

Берзата се’ повеќе е  поврзана случувањата во регионот. Не сме повеќе изолирани што значи дека во периодот што следи ќе бидеме изложени на регионалните и светските турболенции и екстремните шокови на пазарот, рече првиот човек на македонската берза, Иван Штериев. Тој посочи дека во моментите на поголемите ценовни падови на берзата.

Според Штериев неекономските фактори  влијаат само на тајмингот на осцилациите на берзата:

И покрај неколкуте големи ценовни шокови што ги доживувавме на берзата прометот во тие денови беше поголем од вообичаениот  што покажува дека постои апсорпциона маса од страната на побарувачката која верува дека  постојат добри перспективи на овој пазар, рече Штериев.

Одржувањето на  предвремени парламентарни избори обично влијае  негативно на пазарот и економијата, смета поранешниот министер за финансии, Јане Милјоски. „Изборите лошо ќе влијаат и на економијата и на реформите и на берзата но не очекувам по извесен пад берзата да се опаорави“, рече Милјоски.


изборите ќе влијаат на берзата – Јане Милјоски

Според странските инвеститори политиката има влијание врз берзанските случувања, но тие најавија дека немаат намера да го напуштат македонскиот пазар. Инаку странските инвеститори на македонската берза учествуваат со 30 % од капиталот. На деветтата годишна конференција на македонската берза учествуваат 250 берзански работници и експети од 8 земји во регионот.

Г. Момироски