Холивудскиот актер Берт Рејнолдс се наоѓал на интензивна нега поради акутен грип и дехидратација. Како што пренеле американските медиуми, актерот кој има 76 години, бил примен во болница на Флорида чие име се држело во тајност.
Според изјавата на неговиот портпарол, неговата состојба се подобрела и наскоро би требало да го напушти одделението за интензивна нега и да се врати во обична болничка соба.