Поранешниот сопственик на Формула 1, Берни Еклстоун потврди дека ќе стане татко по четврти пат на 89 години! Англичанецот во моментов е во бразилскиот град Сао Пауло каде заедно со новата сопруга Фабијана Флоси го поминува карантинот поради коронавирусот.
Да, чекаме бебе во текот на летото. Се надевам дека бргу ќе научи да игра табла. – изјави Еклстоун за швајцарскиот весник „Блик“.
Ова ќе биде четврто дете на Еклстоун и прв син. Со првата сопруга Ајви Бемфорд тој ја има 65-годишната ќерка Дебора, и две ќерки Тамара (35) и Петра (31) со втората сопруга, Хрватката Славица Радиќ.
Фабијана исто така ја потврди радноста вест и истакна дека има само една желба, детето да се роди здраво.
OhridNews