Иако по неговиот развод од Славица Радич тој изјави дека никогаш повеќе нема да се жени, Берни Еклстон го направи спротивното. Неговата нова жена е Фабијана Флоси со која се вери во Април, а и поклона прстен вреден 127,000 евра.

Венчавката се одржала во планиската вила на Еклстон во Швајцарија, а на церемонијата присуствувале само членови на најтесното семејство и најблиските пријатели на парот.
На оваа церемонија не присуствувале неговите две ќерки, поради почит кој нивната мајка со која Барни беше во брак цели 24 години.