Меѓу гостите кои престојуват во Охрид за Велигденските празници е и амбасадорот на Франција во Македонија, Бернар Валеро. Него го затеквме на прошетка низ стариот дел на Охрид. Како и секогаш отворен за разговор, Валеро ги сподели своите впечатоци од празничниот викенд во Охрид. Воодушевен е од традицијата која, како што рече, во Македонија е посебна.


Велигден во Охрид е нешто посебно – Бернар Валеро

„Јас едноставно уживам во мојот одмор. Го чувствувам многу блиско славењето на Велигден на Македонската православна црква, им честитам на верниците и им посакувам да си поминат убаво како и јас што поминувам во Охрид. Тоа е град којшто многу го сакам, во кој се чувствувам многу пријатно и во кој се релаксирам секогаш кога ќе дојдам. Имате нешто апсолутно посебно во Македонија засновано на верата и почитта кон традицијата, и не е само прашање на почитување на религијата туку учеството на сите луѓе во прославата во семеен дух, а тоа ми се допаѓа најмногу“, изјави франсускиот амбасадоор Бернар Валеро.

Ohridnews
фото: Васко Бујароски