Репрезентативецот на Италија до 21 година, Федерико Бернандески пристигна во Торино и само уште медицинските прегледи го делат од потпис на договорот со шампионот во Серија А, Јувентус.
Фиорентина од продажбата на Бернандески ќе инкасира 40 милиони евра, но Јувентус во него треба да добие нов предводник. „Бјанконерите“ ако Бернандески ги мине лекарските прегледи ќе му ја доделат култната 10-ка, која некогаш на грбот ја носеше Алесандро дел Пиеро.
Јувентус пред младиот фудбалер во своите редови ги додеве голманот Војислав Шчезни, Матија де Шиљо, Родриго Бентакур, Даглас Коста, а ги откупи договорите на Хуан Квардадо и Менди Бенатија. Клубот го напуштија Леонардо Бонучи, Кингсли Коман, Симоне Заза, Нето и Дани Алвес.
OhridNews