Италијанскиот премиер Silvio Berlusconi се споредил себеси со попучарното тосканско вино „Brunello di Montalcino“, кое со годините станува се подобро.

„Направив одличен тим на млади министри. Но, покрај ентузијазмот на младите, потребно е и искуство на старец, како што сум јас како „Brunello di Montalcino“, што постар тоа подобар“ – рекол Берлускони, обраќајќи се на синдикатот на земјоделците.


Brunello di Montalcino е едно од најпознатите италијански црни вина и споро созрева. Во продажба стигнува најмалку пет години после бербата.

Просечната цена на едно шише во продавница е 30 евра, но некои познати берби нан најугледните произведувачи достигнуваат цена од неколку илјади евра за шише.