Се ближи периодот на карневали во Италија, па зафатен од новиот тренд на маскирање, еден разбојник ограбил банка носејќи маска со ликот на премиерот Силвио Берлускони.
Тој влегол во филијала на банката Уникредит во Торино со уште двајца помошници, вооружани со пиштоли – играчки.
Полицијата набрзо го уапсила лажниот Берлускони а и неговиот помошник кој се маскирал во советникот на премиерот, сенаторот Маркел Дел Утри, но третиот разбојник успеал да избега.
Двајцата уапсени се браќа кои имаат криминални досиеја, соопштила италијанската полиција.