На натпреварот во Серија А со Бари, претседателот на “росонерите“ и премиер на Италија, Силвио Берлускони прослави бронзен јубилеј од 25 години како прв човек на Милан.


На забавата на Берлускони присуствуваа познати фудбалери кои оставиле силен печат во дресот на “росонерите“ како Марко ван Бастен, Руд Гулит, Дејан Савичевиќ, Кафу, италијанските легенди Франко Барези, Паоло Малдини и поранешниот тренер на Милан, Карло Анчелоти.


Се надевам дека Милан во наредните 25 години ќе биде успешен како што беше во изминатиов период. Имам многу спомени кои ги чувам во мене и неможам да кажам кој ми е најубав, но еден можам да издвојам а тоа е финалето на Ноу Камп со Стеуа во Купот на Европските шампиони кога триуфиравме со 4-0. Тоа беше првиот  победнички инстикт за мојот Милан – заврши премиерот на Италија, Силвио Берлускони.

Берлускони ги пофали сегашните фудбалери а не заборави да го поздрави неговиот миленик бразилецот Рикардо Кака.

Мх.П.