– Македонија заслужува позитивен извештај и препорака за почеток на преговите со ЕУ и заслужува да стане членка на Европската унија, истакнал италијанскиот премиер Силвио Берлускони на средбата со премиерот Никола Груевски, што се одржа вчера во Рим.

Приотоа, италијанскиот премиер нагласил дека Италија искрено ја поддржува Република Македонија на патот на кон ЕУ и НАТО.

Како што пренесуваат известувачите на македонските национални медиуми од Рим, на двочасовната средба било оценето дека политичките врски помеѓу двете земји се одлични, а двајцата премиери најавиле дека ќе вложат личен ангажман за подобрување на економската соработка. Како приоритетни цели биле посочени зголемувањето на обемот на трговската соработка и зголемувањето на нивото на странски инвестиции од Италија во Македонија.

OhridNews