Новиот член на Серија А, Монца сè уште не се откажува од потписот на напаѓачот на ПСЖ, Мауро Икарди.

Мауро Икарди

За да го забрза трансферот на 29-годишниот Аргентинец, дебитантскиот клуб во Италијанското фудбалско првенство и нуди на неговата сопруга и агент Ванда Нара да води сопствена ТВ програма, пишува „FCInter1908.it“.

Од 2018 година Монца е во сопственост на поранешниот сопственик на Милан, Силвио Берлускони, а Адријано Галијани е генерален директор на клубот. Берлускони е и главен акционер на телевизиската компанија „Медиасет“, со која Ванда претходно двапати потпиша договори.

 

Ванда Нара

Како главна пречка за преминот на Икарди во Монца се наведува неговата плата. Во ПСЖ добива 10 милиони евра годишно по оданочување.

Неговиот договор со парижаните е на уште две години, но новиот спортски директор на клубот Луис Кампос сака да го продаде напаѓачот.