Невообичаено топлото време за овој период од годината им оди во прилог и на охридските кајчари. Оваа зима е бериќетна велат тие, а ако утрото по денот се познава ќе имаме добра сезона. Големиот број туристи што за новогодишните и Божикните празници дојдоа во Охрид беа воодушевени од неговите природни убавини и езерото, ни рече кајчарот Пајо. Тој седум години живее во Охрид, а повеќе од три се занимава со овој бизнис.
кајчарот Пајо
Гостите сакаат да се шетаат со кајче по езерото, ни вели Пајо. Поголемите групи ги земаат големите бродови, ама и за нас имаше работа, задоволно коментира Пајо. Прошетка со кајче до Канео чини 200 денари за четворица, а ако групата е поголема цената е 50 денари по човек. Еден час прошетка по езерото чини 10 евра, не информирачше кајчарот Пајо.
Времето е прекрасно, не го паметам вакво одамна, ни рече Пајо со кого поразговаравме на кејот на паузата помеѓу две тури.
оваа зима има работа и за кајчарите
Г. Момироски