Беренис Марлоу е чест гостин на црвените теписи ширум светот откако пред една седмица започнала промотивната турнеја на новиот филм за Џејмс Бонд, а оваа убавица заведувала со својот изглед на секој чекор. На премиерата на филмот во Берлин Бренис ги восхитила присутните во долг фустан на познатиот дизајнер Ели Саб.
Таа изјавила дека никогаш не сонувала да биде Бонд девојка, но секако дека сонувала да се најде во некој од филмовите за славниот агент. Додала дека со својот лик во филмот се обидела да направи не така типична Бонд девојка. Таа објаснила дека го оставила настрана се она што Бон девојката наводно треба да биде бидејќи сакала да биде вистински човечки лик и единствен карактер.