Француската актерка Беренис Марло е прогласена за најсексипилна девојка која отсега се појавила во филмовите за Џејмс Бонд. Така барем мислат уредниците на списанието “FHM”, за кои заводливата актерка снимила разголени фотографии. Марло ја сметаат за наследничка на легендарната Урсула Андерс, а со тоа биле инспирирани и фотографиите кои ќе се појават во декемвриското издание на британската верзија од популарното списание.

Но, според мислењето на Беренис, најдобра Бонд девојка досега е русинката Ксенија Онатоп од филмот “Golden Eye”. Таа рекла дека психопат кој убива луѓе и кој потоа доживува оргазам е токму она што сака да го види во филм, а додала дека најголема желба и е да ја толкува улогата на главниот негативец. Рекла дека отсекогаш сакала да игра негативец во филмовите и дека ужива во таквите улоги кои најчесто ги добиваат мажите.