Беренис Марло е релативно непозната француска актерка, но сега целиот свет ќе дознае за неа, бидејќи била избрана за новата Бонд девојка во најновиот филм за славниот агент кој ќе носи наслов “Skyfall”.


Актерката добила можност да се придружи на актерската екипа на 23 продолжение на култниот серијал за тајниот агент Џемс Бонд, и со тоа станала една од 23 девојки во кои бил вљубен шармантниот 007. Во новото продолжение на приказната за тајниот агент, ќе се појавата две девојки, Беренис Марло како мистериозната Сабрина и британската актерка Наоми Харис како оперативецот Ева.