– Ова е за мене специјален ден во дресот на “црвените ѓаволи“. Да не го постигнев одлучувачкиот погодок во финишот на натпреварот Фергусон ќе збеснеше на нас во соблекувалната. смета Бербатов
Напагачот на Јунајтед, Бербатов постигна маестрален гол по нафрлувањето на Нани. Не ја видов каде отиде топката откако ја удрив, го слушнав препознатливиот крик на Олд Трафорд и претпоставував дека е погодок. Убаво е да постигнеш ваков гол но на центарфорите секој гол му е еднаков како и сите други. додаде херојот на натпреварот Димитар Бербатов.