Сопствениците на бензинските пумпи кај кои биле констатирани неправилсноти пред пазарните инспектори се правдале дека не биле информирани дека не смеат да продаваат нафтени деривати на големо.
Според законот продажба на големо на нафтени деривати можат да вршат само компании со лиценца издадена од Регулаторната комисија. Засега такви лиценци имаат само „Макпетрол“, „Окта“ , Лукоил – Македонија“, „Алма Петрол“ – Куманово и „Марија треид“ од Велес.