Бензините од денес поскапуваат за 0,5 денари, додека цената на дизелот останува непроменета, одлучи вчара Регулаторната комисија за енергетика.

Еуросупер БС-95 ќе чини 69 денари за литар, а Еуросупер БС-98 – 70,50 денари за литар. Зголемување на цената  има и кај Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) кое ќе се продава по 44,00 денари за литар.

Просечната цена на сурова  нафта на светскиот пазар во изминативе две недели изнесуваше 78,776 долари за барел и е за 0,135 отсто повисока од просечната цена на сурова нафта,  по која беа формирани тековните цени на нафтените деривати.

OhridNews