Бензинот од ноќеска на полноќ поскапува за 1,5 денари, додека екстра лесното масло за домаќинство за два денари. Цената на дизелот се зголемува за 2,5 денари, а цената на мазутот се зголемува за 1,406 денари.
Новата цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 70,50 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98- ќе се продава по 72,00 денари за литар, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 46,00 денари за литар
Цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) ќе изнесува 57,00 денари, а цената на мазутот М-1 НС се зголемува на 32,493 денари.