Вака одлучи Регулаторната комисија за енергетика на денешната редовна седница, посветена на корекција на цените на нафтените деривати.
Цената на еуросуперот БС-95 од изнесува 80,50 ден/лит, а на еуросуперот БС-98 ќе изнесува 82,00 ден/лит.
Согласно одлуката на регулаторите, еуродизелот (Д-Е В) од ноќеска ќе се продава по 71,00 ден/лит, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) по 60,00 ден/лит.
Истовремено се зголемува и малопродажната цена на мазутот за 1,616 денари по килограм, со што новата цена на М-1 НС изнесува 42,908 ден/кг.
Најновото поскапување на нафтените деривати се образложува со растот на цената на суровата нафта на светските берзи за 5,18 отсто во последните две недели.
извор:„Макфакс“