Малопродажната цена на бензините од ноќеска на полноќ се намалува за еден денар, додека цената на дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство останува непроменета, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Согласно одлуката, новата цена на Еуросупер БС-95 изнесува 75,00 ден/лит, а на Еуросупер БС-98 изнесува 76,50 ден/лит. Цената на Еуродизелот (Д-Е В) останува 64,00 ден/лит, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 53,00 ден/лит.

Регулаторите извршија и надолна корекција на цената на килограм мазут за 0,295 денари/кг, со што цената на М-1 НС изнесува 35,644 ден/кг.

Ова е прво поевтинување на цената на бензините во последните недели, што се должи на намалување на курсот на доларот во однос на денарот за 2,09 отсто.

OhridNews
извор: Makfaks