Бензините од ноќеска на полноќ ќе се продаваат поевтино за еден денар за литар, а цената на дизел горивото останува иста, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Моторниот бензин МБ-96 ќе се продава за 68,50 денари за литар, безоловниот моторен бензин БМБ-91 за 65, Еуросупер-95 горивото за 65,50 и Еуросупер-98 горивото за 66,50 денари за литар.

Малопродажната цена на ДИЗЕЛ-Е (III) останува 59,50 денари за литар, а на Екстра лесното  се намалува за половина денар  и ќе чини 48,5 денари за литар.

Од ноќеска на полноќ поевтинува и мазутот М-2 кој ќе се продава за 26,952 денари за килограм, додека цената на мазутот М-1 останува 27,533 денари за килограм.

ohridnews