Од вечерва на полноќ бензините поевтинуваат за половина денар, а цената на дизелот се зголемува за еден денар по литар.

Новата цена на безоловниот бензин од 95 октани ќе изнесува 68, а од 98 октани 69,50 денари за литар. Поскапеното дизел гориво ќе се продава по цена од 57,50 за литар.

Регулаторната комисија за енергетика ја утврди и новата цена на екстра лесното масло за домаќинство која изнесува 46,50 денари за литар.

OhridNews