Цените на бензините во Македонија од полноќ ќе бидат пониски за еден денар, а цената на дизелот ќе се намали за половина денар, објави Регулаторната комисија за енергетика.
Бензините од денеска поскапи
Според најновата одлука на Регулаторната комисија, новата цена на МБ-96 изнесува 65,50 денари за литар, на БМБ-91 – 62,00 денари за литар, ЕУРОСУПЕР – 95 ќе чини 62,50 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР – 98 ќе биде со цена од 63,50 денари за литар.
Цената на ДИЗЕЛ-Е ИИИ се намалува на 55,50 денари за литар, а ЕЛ (екстра лесното) гориво ќе чини 45,00 денари за литар.
Малопродажните цени на мазутите се зголемуваат, одлучи Регулаторната комисија. Со тоа новата цена на мазутот М-1 изнесува 24,827 денари за еден килограм, а на М-2 ќе чини 24,802 денари за килограм.