Цената на бензините од ноќеска на полноќ се намалува за 4,5 денари, а на дизелот за 3,5 денари. Според Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, ЕУРОСУПЕР-95 ќе се продава по 51,50 денари за литар, ЕУРОСУПЕР-98 по 53 денари, а МБ-96 по 54,50 денари.

ЕУРОДИЗЕЛ ќе чини 51 денар, Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ) 39,50, а Екстра лесно масло за домаќинство-1 (ЕЛ-1) 40 денари за литар.

Поевтинува и мазутот за 2,985 денари и ќе се продава по 16,775 денари за килограм.

Просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена изнесувала 50,529 долари за барел, а курсот на доларот 48,9116 денари.

Ohridnews