Цената на литар дизел и на екстралесното масло ноќеска на полноќ се зголемува за половина денар, кило мазут поевтинува за 0,149, додека цената на бензините останува непроменета.
Ваква одлучи Регулаторната комисија за енергетика на редовната седница посветена на корекција на цените на нафтените деривати.
Согласно одлуката, малопродажната цена на еуродизелот ќе изнесува 66,00 ден/лит, а на екстралесното масло за домаќинство 54,50 ден/лит. Новата цена на мазутот М-1 НС изнесува 39,399 ден/кг.
Малопродажната цена на еуросуперот БС-95 останува 77,00 ден/лит, а на еуросуперот БС-98 78,50 ден/лит.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com