Горивата од денеска ќе се продаваат поскапо за 2 до 2,5 денари за литар.

Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, новата цена на „Еуросупер-95“ изнесува 62,5 денари за литар, „Еуросупер-98“ ќе се продава за 64 денари за литар, колку што чини и „Еуросупер БС-95“ додека новата цена на  „Еуросупер БС-98“ е 65,5 денари за литар.

„Еуродизелот“ од денеска ќе се продава по цена од 50 денари за литар, а литар екстра-лесното масло за домаќинство ќе чини 39 денари.

Ohridnews