Малопродажната цена на бензините ноќеска на полноќ поевтинува за 2,5 денари, цената на дизелот се намалува за три, а на екстралесното за 3,5 денари.

Вака денеска одлучи Регулаторната комисија за енергетика на својата редовна седница посветена на корекција на цените на нафтените деривати.

Согласно одлуката, новата цена на Еуросупер-95 изнесува 58,00 ден/лит, на Еуросупер-98 59,00 ден/лит, на Еуросупер БС-95 изнесува 59,50 ден/лит и на Еуросупер БС-98 изнесува 61,00 ден/лит.

Еуродизелот од ноќеска ќе се продава за 46,00 ден., а  екстралесното масло за домаќинство за 34,50 денари за литар.

За 1,3 денари по килограм се намалуваат и малопродажните цени на мазутот.

ohridnews