Од ноќеска на полноќ цената на  бензините се зголемува за два, а на дизелот за 1,5 денари од литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика на денешната седница.

Новата цена на МБ-96 ќе изнесува 70,50 ден за литар, БМБ-91 ќе се продава за 67, ЕУРОСУПЕР -95 за 67,50, а ЕУРОСУПЕР-98 за 68,50 денари за литар. Дизелот-Е (III) ќе чини 61, а Екстра лесното 50 денари за литар.

OHRIDNEWS