Од ноќеска на полноќ бензините во Македонија ќе се продаваат поскапо за половина, односно денар, а цената на дизел горивата останува иста, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР-95 и на моторниот бензин МБ-96 се зголемува за еден денар, а на ЕУРОСУПЕР-98 за половина денар по литар. Новата цена на ЕУРОСУПЕР-95 е 55,50 денари за литар, ЕУРОСУПЕР-98 ќе се продава за 56,50, а МБ-96 58,50 денари за литар.