Од ноќеска на полноќ, бензините ќе се продаваат по нови, повисоки цени за 2,5 односно три денари, одлучи  Регулаторната комисија за енергетика на денешната редовна седница.

Еуросуперот-95 и МБ-96 поскапуваат за по три денари, и ќе се продаваат за 59,00, односно 62,00 ден/лит, додека Еуросуперот -98 поскапува за 2,5 денари на 60,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Еуродизелот и на Екстра лесното за домаќинство остануваат исти.

Ohridnews