Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 од ноќеска на полноќ се зголемуваат за еден денар за литар, а на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемуваат за половина денар за литар, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и управување со комунален отпад (РКЕ).

Од РКЕ додаваат дека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,626 денари за килограм.

Од ноќеска на полноќ максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 84,00 (денари/литар)
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 86,00 (денари/литар)
– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 77,00 (денари/литар)
– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) -75,50 (денари/литар)
– Мазут М-1 НС – 48,634 (денари/килограм)

Од Комисијата на напоменуваат дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 9.7.2024 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

OhridNews