Малопродажните цени на бензините од ноќеска на полноќ ќе се зголемат за еден денар, а на дизелот за половина денар.

Според Одлуката што денеска ја донесе Регулаторната комисија за енергетика, МБ-96 ќе се продава за 64,50 денари за литар, БМБ-91 за 61 денар, БМБ-95 за 61,50 денар и БМБ-98 за 62,50 денари за литар.

Новата цена на дизелот ќе биде 50,50 денари за литар, на дизелот-Е ИИИ 51 денар, а Екстра лесното ќе се продава по 40 денари за литар.

Зголемување има и кај малопродажните цени на мазутот така што М-1 ќе се продава по 18,671 денари за килограм, а М-2 по 18,644 денари.