Малопродажните цени на бензините во Македонија од ноќеска на полноќ ќе се зголемат за 2,5 денари за литар, а дизел горивото ќе поскапи за 2 денари за литар

Ова денеска го соопшти Регулаторната комисија за енергетика, додавајќи дека новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе биде 68,50 денари за литар, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 – 70,00 денари за литар.

Литар ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) ќе се продава за 55,00 денари, а цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемува за 1,5 денари на 43,50 денари за литар.

Цената на мазутот М-1 НС  се зголемува за 0,296 денари за килограм на  31,142 денари за килограм.

Одлуката на Регулаторната комисијата за енергетика за зголемување на цените на нафтените деривати се должи на  скокот на цената на суровата нафта на светските берзи за 4,18 отсто и зголемување на курсот на денарот во однос на доларот за 0,42 проценти.