Согласно одлуката на регулаторите, новата цената на Еуросупер 95 ќе изнесува 73,50 ден/лит, на Еуросупер БС-98 ќе изнесува 75,00 ден/лит, а Еуродизелот (Д-Е В) ќе се продава по 62,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за дури три денари по лита, со што новата цена достигна 51,00 ден/лит.
Истовремено е донесена одлука за зголемување на цената мазутот М-1 НС се зголемува за 1,325 денари/кг . Така цената на М-1 НС изнесува 33,987ден/кг.
Во образложението на Регулаторната комисија се наведува дека просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-то дневен период изнесуваше 90,705 $/барел и е за 5,56 отсто повисока од просечната цена на сурова нафта по која беа формирани тековните цени на нафтените деривати.
Пред само две недели, Еуросупер БС-98 поскапе за два денара, а Еуросупер 95 за 1,5 денари.
извор:„Макфакс“