Регулаторната комисија за енергетика ја донесе најновата одлука за малопродажните цени на горивата во нашата земја.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,50 ден/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 27.09.2021 година, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 73,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 75,50 ден/лит.
Согласно новата одлука малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,00 ден/литар и со тоа изнесува 65,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалува за 0,50 ден/литар и со тоа малопродажната цена изнесува 64,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,351 денар/килограм и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 41,131 ден/кг.
OhridNews