Од ноќеска на полноќ цената на дизелот ќе се намали за еден денар, а бензините за еден денар ќе поскапат, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Според РКЕ, се намалуваат и цените на екстра лесното масло за домаќинство, за 1,50 денари, како и на мазутот, за 0,321 денари.

Бензинот ЕУРОСУПЕР БС 95 ќе чини 83,50 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС 98 ќе биде 85,50 денари, дизелот ќе се продава по 77,50 денари, екстра лесното за 76,50, а мазутот по 41,667 денари за килограм.

Со Одлуката н РКЕ се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,31 отсто во однос на одлуката од 6.3.2023 година.

Како што информира РКЕ, референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,684 отсто, кај дизелот намалување за 2,149, кај екстра лесното масло намалувањето е за 3,079 и кај мазутот има намалување за 0,996 проценти.

OhridNews