Од ноќеска на полноќ бензините ќе се продаваат поскапо за четири денари по литар, а дизелот поевтинува за 1,5 денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Новата цена на ЕУРОСУПЕР-95 е 50,50 денари за литар, ЕУРОСУПЕР-98 ќе се продава за 51,50, а моторниот бензин МБ-96 за 53,50 денари за литар. ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е ИВ) ќе чини 43, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 32 денари за литар.
Се намалува и цената на мазутот М-2 која сега ќе изнесува 16,072 денари за килограм.