Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска на полноќ, малопродажните цени на бензините се зголемуваат за половина денар по литар, додека цената на дизелот се намалува за 1,5 денари.

Литар Еуросупер БС-95 ќе се продава по 71,50, додека цената на литар Еуросупер БС-98 ќе биде 73,50 денари. Новата цена на литар Еуродизел ќе чини 53,50 денари, а за 1,5 денар се намалува и цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), која ќе изнесува 42,00 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,753 денари за еден килограм, и со тоа цената на М-1 НС изнесува 26,318 ден/кг.

OhridNews